Запомни ме

Регистрирај се

Таксират номиниран за најдобар европски фестивал!

Такзират 10Нашиот традиционален фестивал Таксират е номиниран за најдобар европски музички фестивал! Во конкуренција на редица реноминирани европски музички настани (Роскилде, Егзит, ГуртенРок, Кримфилдс, Кеслпалуза...), се најде и нашето чедо кое годинава ги полни своите 10 години. Наградата YOUrope ја доделуваат престижните UK Festival Awards – велат од дирекцијата на Таксират – Литиум рекордс.

Тука можете да го дадете својот глас за најголемиот мал зимски Југоисточно Европски музички фестивал.

Оваа номинација претставува чест за нашиот фестивал кој веќе започна со своите активности. Конкурсот за традиционалниот Винер Фест трае до 15ти октомври, а се ближи и 20ти кога како дел од првиот Таксират промо настан во МКЦ ќе настапи најсвежата четворка во инди рок светот - Енимал Колектив – велат од Lithium Records.

Само најавени корисници можат да оставаат коментари. Најави се
09 окт 2008 17:22
Daniel

Vote