Запомни ме

Регистрирај се

Спортски автомобили

Nissan 350Z

Иако е на пазарот веќе неколку години 350Z сеуште е во тренд. Со својот нов мотор со зафатнина од 3.5 литри и импресивна моќ од 306 кс со погон на задните тркала е идеален за јуначко ротирање околу сопствената оска и оставање трагови по патот во центарот на градот.

 

Mercedes SLR MCLaren Roadster

Неодамна се појави долго очекуваната кабриолет верзија на Mercedes SLR MCLaren. SLR MCLaren достигнува максимална брзина од 332 км/ч кои му ги обезбедува 5,5 литарскиот V8 мотор и 626 кс. Кровот се спушта и дига за само 10 секунди.

 

Alfa GT Black Line

По цена од околу триесет илјади евра во овој модел од Алфа ни дозволува да се осеќаме како милионер. Новата лимитирана верзија е претставена како и самото име, во метално црна боја единствени алуминиумски 18 инчни тркала, спортски седишта со црна кожа шиена со црвен конец и BOSE стерео звучници. Black Line се нуди со два вида на мотори-дволитарски бензинец и 1,9 литарски дизел и што е најинтересно цената е помала од основниот GT.

 

GTI W12-650

Мајсторите на Wolksvagen најпрво поминаа години во своите производителски хали и го произведоа тотално лудиот Bugatti Veyron, а сега ни го претставуваат и ова чудо – најбрзиот Golf  на сите времиња. Golf GTI е веќе три децении во продажба и Wolksvagen одлучи да го прослави неговиот триесетти роденден со “ултимативна верзија” на овој заслужен модел. GTI W12-650 е поширок од стандардниот GTI модел, а под хаубата, како што и самото име ни назначува, моќен W12 мотор кој достигнува јачина дури и до 650 кс. Во ваква моќна верзија Golf е во состојба да достигне максимална брзина од 325 км/ч што е побрзо од повеќе супер автомобили како што се Lambogini Gallardo и Porsche 911 Turbo. Промените не се само во моторот, додадени се и неколку нови специјални вентилирачки отвори за подобро ладење на моторот, нови браници, специјален кров изработен од карбон фибер, проширување на вратите, 19 инчни бандажи со ширина на гумите 235(предни) и 295(позади) и по две издувни цевки од двете страни.

Само најавени корисници можат да оставаат коментари. Најави се
Нема коментари.