Слаткаристика со нов видео клип
На 24 Октомври 2008 г. со почеток од 24 часот, во клубот Би Ту (B2), Слаткаристика (Единствена Опција) воедно и член на издавачката куќа Токсикологија, ја најавува промоцијата на својот прв видео клип насловен како Жолта Штампа.
- Оваа песна е водечки сингл од мојот прв соло албум, кој според неофицијални информации очекувам да излезе во Мај, 2009 год, но се надевам дека во најскоро време ќе го видите и мојот втор видео клип кој во моментов е во обработка. Традицијата продолжува и овој пат, односно довербата за обработка на видео клипот му ја доверив на Жарко Масларковски (Пука Козметика), изјави Марко Маринковиќ ака Слаткаристика.
Издавачката куќа Токсикологија во Декември 2008 го најавува и албумот на групата Токсикологија под наслов 4екераукц.
Сите информации околу издавачката куќа Токсикологија, ќе може да се проследат на www.myspace.com/toksikologija.











![[OUT] Odgovori](/photos/baneri/odgovori-baner.jpg)
![[OUT] Comunalec](/photos/baneri/comunalec.jpg)