Скарлет Јохансон со најдобри гради
Русокосата филмска ѕвезда Скарлет Јохансон ја понесе ласкавата титула за најдобри гради, а Џесика Бил беше прогласена за девојка со најубав задник, според американската емисија „Е!“, која ги објави најпровокативните делови од телото кај славните.
Во новиот список се најдоа главно свежи имиња од светот на шоу-бизнисот, додека некогашните кралици на таквите топ листи, Анџелина Џоли и Џенифер Анистон, овојпат беа изоставени.
Бразилската суперманекенка Жизел Бандшен е ѕвездата со најубави нозе. Дека и рамената може да бидат секси, доказ е актерката Чарлиз Терон, чии рамена, дефинитивно, се најпосакувани.
Иако би било тешко да се издвои еден дел од телото што не е секси на атрактивната латино-убавица Ева Мендез, Американците одлучија дека кај оваа ѕвезда најмногу ги привлекува косата. Кога станува збор за заводничкиот поглед, не постои двоумење дека таа титула треба да и припадне на убавата индиска актерка и поранешна светска убавица Аишвараја Раи, која, според многумина, има најубави очи. Најпосакувани усни се усните на тајванската актерка Шу Кви.
Насмевката на сопругата на Бен Афлек, Џенифер Гарнер, е прогласена за најслатка, иако во таа категорија, нејзини сопернички беа Рејчел Адамс и Сиена Милер. Стегнатиот стомак на пејачката Ферги ја однесе титулата во категоријата за најврел стомачен дел.
Меѓу мажите, најпривлечни дупчиња на образите има Марио Лопез, а раперот Ел-Ел Кул Џеј има најпосакувани усни. Со најубави очи може да се пофали ирскиот актер Џонатан Рајс - Меерс, а со најубава коса - Џони Деп. Титулата за најдобар граден кош очекувано ја освои Метју Меконехи, додека во категоријата за стомак победи пејачот Ашер.
Напишано од: Време
Објавено: 30 окт 2008 20:50
Оваа вест е прочитана 1601 пати











![[OUT] Odgovori](/photos/baneri/odgovori-baner.jpg)
![[OUT] Comunalec](/photos/baneri/comunalec.jpg)
Кој тоа има поарни?
