Запомни ме

Регистрирај се

Ангели и демони

Ангели и демониПосле успехот на филмот „Кодот на Давинчи„ од 2006 година, продуцентите и екипата најавија снимање на продолжението исто така базирано на роман од Ден Браун.

Снимањето на Ангели и Демони беше одложувано поради штрајк на сценаристите и конечно почна на 4 јуни оваа година во Рим, а потоа продолжи во Лос Ангелес. Датата на светската премиера  е на 15 мај 2009 година, додека во кината ќе се појави ден порано.

Режисер повторно е Рон Хјуард, а не е сменет ни главниот лик во филмот кој го игра Том Хенкс. Познато е дека главниот женски лик го игра израелската глумица Ајлет Курер, а не Наоми Вотс како што беше најавено.

Се започнува со телефонското јавување Роберт Лангдон да дојде во швајцарскиот институт ЧЕРН да ги анализира мистериозните симболи напишани на градите на убиениот физичар. Тој е голем познавач на обичаите на илуминатите, па управата на швајцарскиот институт го ангажира да го расветли убиството...

Официјален трајлер:

За да го гледате видеото мора да имате инсталирано Flash Player 9. За да го инсталирате кликнете тука.
Само најавени корисници можат да оставаат коментари. Најави се
Нема коментари.