Запомни ме

Регистрирај се

Mercedes SLR Stirling Moss

Компаниите Mercedes и McLaren како за крај на нивната соработка го лансираа својот последен заеднички модел Mercedes SLR Stirling Moss, именуван според легендарниот британски возач, Stirling Moss, кој во 1955 година победил на Mille Miglia со Mercedes 300 SLR. Соработката меѓу Mercedes и Mclaren се покажа мошне успешна, како во F1, така и во „реалниот“ свет. Сепак Mercedes одлучи од наредната година сам да ги коструира спортските автомобили, преку својата тјунинг куќа AMG.

Mercedes SLR Stirling Moss

SLR Stirling Moss е прав роудстер автомобил без предно стакло, кој пожелно е да се вози со кацига на главата. Токму заради овој дизајн, аеродинамиката ќе биде врвна, а возните својства, поради пониското тежиште, на рамниште на еден спортски автомобил. Перформансите ќе бидат застрашувачки за вака отворен автомобил – до 100 km/h ќе спринта за 3,5 секунди и ќе постигнува 350 km/h, 13 повеќе од „обичниот“ McLaren SLR 722.

Mercedes SLR Stirling Moss

Моторот задолжен за придвижување на оваа прекрасна класика ќе биде V8 моторот на Mercedes со 650 КС, што е помалку од SLR, но затоа Stirling Moss ќе биде за околу 300 kg полесен, најмногу поради користењето на карбон – фибер. Иако пред се класичен, на SLR Stirling Moss вратите ќе му се отвараат нагоре, како што му доликува на еден супер автомобил.

Mercedes SLR Stirling Moss

Цената на овој автомобил ќе изнесува 750.000 долари, а ќе биде произведен во ограничена серија од 75 примероци. Официјалната премиера, SLR Stirling Moss ќе ја доживее на саемот во Детроит во Јануари наредната година.

Само најавени корисници можат да оставаат коментари. Најави се
Нема коментари.