Запомни ме

Регистрирај се

Lamborghini Estoque

Estoque е најновиот модел од произведувачот на супер спортски автомобили Lamborghini. Познато е дека моделите на Lamborghini своите имиња ги добиваат од славни борбени бикови, меѓутоа најновиот модел во фамилијата симболично го носи името Estoque. Тоа е името на мечот со кој тореадорите го задаваат последниот удар на бикот.

Lamborghini Estoque

Овој модел е прв кој има четири врати и собира исто толку патници. Доколку се зема во обзир бројот на вратите, се работи за седан, но по останатите карактеристики станува збор за супер спортски автомобил.

Lamborghini Estoque

Перформансите на Estoque ќе бидат запрепастувачки за една лимузина – поради ниската маса забрзувањето до 100 km/h ќе изнесува околу 4 секунди, додека максималната брзина ќе биде ограничена на 300 km/h. За погонот е задолжен V10 мотор со 560 КС кој веќе се користи во Gallardo, а се спомнува и вградување на хибриден погон, а исто така и дизел опција. Првата лимузина на Lamborghini ќе добие сериска верзија во 2011 година.

Lamborghini Estoque

Само најавени корисници можат да оставаат коментари. Најави се
Нема коментари.