Нов iPhone 3G
Стив Џобс - извршниот директор на Apple, пред неколку дена во Сан Франциско го претстави новиот iPhone 3G. Едни од поважните новитети се поддршката за 3G и GPS. Што се однесува до изгледот, новиот модел нема некои битни разлики, но сепак е разубавен и малку потенок од неговиот претходник. Неколку интересни новитети се кријат внатре, еден од нив е долгоочекуваната поддршка за 3G, а конечно и вграден GPS приемник, со што дефинитивно станува еден од најопремените уреди на светот.

Според Стив Џобс, батеријата на iPhone 3G е уште подобра од таа на претходниот телефон: 300 часа на стенд-бај, 10 часа разговор, пет до шест часа сурфање, седум часа гледање видео и 24 часа слушање музика. Интересно е тоа што цената на iPhone ќе биде значително намалена на 199 долари за моделот со капацитет од 8GB кој доаѓа во црна боја и 299 долари за 16 гигабајтниот модел кој е во бела боја.











![[OUT] Comunalec](/photos/baneri/comunalec.jpg)
![[OUT] Odgovori](/photos/baneri/odgovori-baner.jpg)
Ице шо ке каеш за воа ТЕЛЕфон?