Запомни ме

Регистрирај се

Гитаријада 2009

Гитаријада Гевгелија 2009И оваа година во Гевгелија ќе се одржи Гитаријада под покровителство на Општина Гевгелија.

Право на учество имаат сите бендови од цела Македонија, кои негуваат своја музика. Гитаријадата ќе има една селективна вечер од која во финале ќе влезат 6-8 бенда. Селективната вечер ќе се одржи во дискотека "PARIS" - Миравци (24.04), а финалната вечер на отворено, на градскиот стадион во Гевгелија (25.04).

Бендовите ќе можат да настапат со 2-3 авторски композиции, во зависност од бројот на пријавените бендови. За најдобрите 3 бенда од финалната вечер, организаторот на Гитаријадата ќе обезбеди снимање на еден аудио и видео запис.
За најдобрите инструменталисти, како и претходната година, ќе има награди.

Сите оние кои сакаат да учествуваат, може да аплицираат на www.gitarijada.com или пак да контактираат со организаторот:

Тел: 070-441-300
Email: info@gitarijada.com
Адреса: 11ти Октомври бр. 32 Гевгелија, Македонија 1480.

Само најавени корисници можат да оставаат коментари. Најави се
07 мар 2009 11:05
panic

nice

02 мар 2009 17:46
Ivan

Е воа ма аресе шо нема да биде во диското