Запомни ме

Регистрирај се

Pioneer MT-01 музички систем кој работи на струја :)

Станува збор за музички систем кој за да се поврза со неговите шест звучника ја користи вашата домашна електрична мрежа. Тоа практично значи ова:

Ги приклучувате системот и звучниците на било кој штекер во вашиот дом, го поврзувате системот со било кој музички уред и насекаде низ собите кај што имате звучници ќе ја слушате музиката од системот.

Pioneer MT-01 музички систем

Звучниците имаат сензори кои детектираат движење, па во која соба да влезете тие автоматски ќе се активираат и ќе почнат да свират. Менувањето на песни и јачината на звукот се контролираат со далечински управувач кој можете да го користите во која соба и да сте.

Pioneer MT-01 музички систем

За да го набавите овој интересен музички систем ќе ви бидат потребни околу 650 евра.

Само најавени корисници можат да оставаат коментари. Најави се
Нема коментари.